Архив за етикет: паркет

паркет

Буков паркет

1. БУКОВ(ПАРЕН)ПАРКЕТ ПРВА КЛАСА
2. БУКОВ ПАРКЕТ ВО ДИМЕНЗИИ 20х50х250, 20х50х300, 20х50х350.
3. ЦЕНА: Буков паркет 1м² =  €12
4. ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ:

4.1. Елементите за буков паркет се изработуваат од следниот вид дрвесина:
– обична бука (Fagus sylvatica L.)
4.1.1 Дрвесината на буката за изработка на елементи за буков паркет е парена.
4.1.2 За производството на елементи за буков паркет може да се користат и други видови  дрвесина, кои по експлоатациони и физико-хемиски својства не отстапуваат на обичната бука.( Fagus sylvatica L.)
4.2. Елементите за буков паркет треба да се рендосани.
4.3. Површините на предната и обратна страна на елементите за буков паркет треба да се равни и паралелни една со друга.
4.3.1. Рабовите треба да се цели и  меѓусебно паралелни .
4.3.2. Рабовите на предната страна  на елементите за буков паркет треба да се вертикални на бочните рабови.
4.4. Влегувањето на федерот во жлебот треба да e без  напор и без излишна
разлабавеност.
4.5. Должината и висината на елементите за буков паркет се определува од должината и ширината на предната страна.
4.6. Влажноста на елементите за буков паркет треба да биде 9±2%.
4.7. Во однос на квалитетот на дрвесината и степен на обработката, елементите за буков паркет одговараат на меѓународниот ISO стандард .

5. ПРАВИЛА ЗА ПРИЕМ И ЗЕМАЊЕ НА ПРОБИ

5.1. Приемот на елементите за буков паркет се врши по партии.
Под партија се разбира количината елементи за буков паркет од еден ист тип, вид дрвесина, квалитет и димензии.
Димензијата на партијата се определува спогодбено меѓу произведувачот и потрошувачот.
5.2. Потрошувачот има право на  контролна проверка, со која се зема по случаен избор проба во количина до 5% од партијата.
Сите елементи за буков паркет од пробата се проверуваат дали одговараат на условите од стандардот. Влагата се проверува најмногу на 10 броја елементи.Ако при пробата се утврди дека повеќе од 3% од елементите не одговараат на стандардот, партијата ќе се објави за нестандардна.
5.3. Елементите за буков паркет се даваат во м², а пресметнувањето на квадратурата се врши со точност 0,01 м².

6. МЕТОДА ЗА ИСПИТУВАЊЕ

6.1. Секој еден од елементите за буков паркет, земен за контролна проба, ќе се провери дали одговара на условите за квалитет , утврдени со овој стандард.
6.2. Димензиите и профилите ќе се проверуваат со соодветни уреди за мерење со кои ќе се оценува предпишаната точност при влажност на елементите за буков паркет 9±2%.
6.3. Должината и ширината ќе се проверува врз предната страна : должината- паралелно , а ширината – вертикално на надолжната оска на елементите за буков паркет.
Дебелината ќе се проверува во двата краја и по средината на должината од елементите и ќе се определи  како средно аритметичка вредност за трите мерења.
6.4. Кривината( вдолж и попречно) на предната страна и тесните страни на елементите за буков паркет се определува  со мерење на прорезот меѓу површината на елементот и работ на поставениот врз него контролен металски лењир.
6.5. Правоаголноста и праволинејноста на елементите за буков паркет ќе се проверат со два металски лењира, расположени вертикално еден спроти друг.
6.6. Квалитетот на изработката и неизмерените недостатоци на дрвесината ќе се определуваат преку  надворешен преглед. (окомерно).
6.7. Димензијата на  измерените недостатоци на дрвесината ќе се определи по ISO.
6.8. Влажноста на дрвесината ќе се мери со влагомер по ISO. При спор, влажноста ќе се определува по методата – тежина, по истиот стандард.

7. ПАКУВАЊЕ И МАРКИРАЊЕ

7.1. Елементите за буков паркет треба да се пакувани на снопчиња.
7.2. Секое снопче треба да содржи елементи за буков паркет од ист тип,  ист вид дрвесина, со еднакви димензии за дебелина, ширина, должина и од еднаков квалитет.
7.3. Во секое снопче елементите за буков паркет се редат  со предната страна нагоре со исклучок на најгорниот ред, каде елементите се редат со предната страна надолу.
7.4. Снопчињата се врзуваат во двата краја со пластична лента со ширина 10 до 15 mm и дебелина 0,3 до 0,5 mm.
7.5. Бројот на елементите за буков паркет во едно снопче и начинот на редење се дадени во прилог кон овој стандард.
7.6. Маркирањето се врши со печат во горниот или долниот ред на секое снопче и  ќе ги содржи следните ознаки:
– назив на  земјата – произведувач;
-назив на претпријатието -произведувач;
-тип елементи за буков паркет;
-вид дрвесина;
-димензии (дебелина,ширина,должина) во mm.
-водство на елементите за буков паркет во број и во м²;

8. ЧУВАЊЕ, ТРАНСПОРТ И ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

8.1. Елементите за буков паркет, пакувани во снопчиња се чуваат во затворени, чисти и суви простории со дрвен под ( или со подови од други термоизолациони материјали), наредени на фигури.
Редењето на снопчињата на фигури се врши на начин, погоден за  вршење на механизирано товарење и истоварување во складиштата.
8.1.1. Температурата и релативната влажност на воздухот во просториите треба да осигурува влажност на елементите за буков паркет 9±2%.
8.1.2. Во складиштата, елементите за буков паркет треба да бидат заштитени од влијание на сончевите зраци,  повреди од мувли и инсекти.
8.2. При товарење, транспорт и истовар, елементите за буков паркет треба да се чуваат од механички повреди, намокрување и валкање.
8.3. Транспортот на елементите за буков паркет се врши во затворени, чисти и суви превозни средства.
8.4. Секоја партија да се придружува од  цертификат за квалитет, издаден од произведувачот.

За повеќе информација, молам повржете се со нас.